Министерот за одбрана на Израел: Времето за договор со Хезболах истекува

izrael.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека истекува времето за договор со Хезболах за запирање на судирите долж израелско-либанската граница.


Во разговор со неговиот американски колега Лојд Остин, Галант истакна дека можностите за договор во северната арена се при крај бидејќи Хезболах продолжува да се здружува со Хамас“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Галант, исто така, му рекол на американскиот секретар за одбрана дека какво и да е сценариото, израелските одбранбени сили ќе продолжат да дејствуваат со цел да го уништат Хамас и да обезбедат враќање на заложниците што ги држи Хамас во Газа.

Хезболах почна да истрела ракети и беспилотни летала во северен Израел по избувнувањето на конфликтот во Газа по нападот врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK