­

Министерот на Трамп: ЕУ не сака пилешко и јастози од Америка, го мрази нашето прекрасно говедско месо


Screenshot-2025-04-03-183127.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник рече дека реципрочните царини на Трамп се само одговор на тоа како другите земји се однесуваат кон Соединетите Американски Држави во трговијата.


„Европската унија не сака пилешко од Америка. Тие не сакаат јастог од Америка. Го мразат нашето говедско месо затоа што нашето говедско месо е прекрасно, а нивното телешко е лошо“, рече Лутник за Фокс њуз. Тој додаде дека е „неверојатно“ што другите земји не купуваат повеќе стоки од Америка. Ги обвини дека краделе од Америка.

„Човекот во Овалната соба, Доналд Трамп, се залага за нашите фармери, нашите сточари и нашите производители. Дозволете му на светот да разбере – или купувајте ги нашите производи или не се мачете да доаѓате овде, освен ако немате да платите за правото да дојдете“, истакна тој.

Инаку, Лутник повика на воведување реципрочни тарифи уште во јануари за време на сослушувањето во американскиот Сенат. „Глобалното трговско опкружување нè третира ужасно. Сите тие имаат повеќекратни царини, нецарински трговски бариери и субвенции“, рече тој тогаш.

„Тие не третираат лошо. Треба да се однесуваат подобро со нас. Треба да се однесуваат со нас со почит, а ние можеме да ги користиме царините за да создадеме реципроцитет, правичност и почит“, објасни тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK