Министерката за надворешни работи на Јапонија: Србија ги држи клучевите за стабилноста на Западен Балкан

2-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за надворешни работи на Јапонија, Јоко Камикава, рече дека земјата ја поддржува европската интеграција на земјите од Западен Балкан и дека развојот на Србија, која ги држи клучевите за стабилноста на Западен Балкан, е апсолутно неопходен за овој регион да зачекори по патот на стабилноста.



Таа во авторски текст за Политика вели дека е во посета на Белград како министер за надворешни работи на Јапонија, пет години по нејзиниот претходник и дека сака да ја искористи посетата за унапредување на конкретната соработка меѓу двете земји.

Таа изјави дека нејзината посета на Белград ќе биде кратка, но дека искрено очекува да се сретне со премиерот Милош Вучевиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и со граѓаните на Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK