Минатомесечното неуспешно лансирање сателит Северна Кореја го нарече „најголем неуспех“

koreja-satelit
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раководството на Северна Кореја на својот последен работен состанок на владејачката партија, минатомесечното неуспешно лансирање на воен сателит го оцени како „најголем неуспех“, јави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА (KCNA).

Од петокот до вчера се одржа проширен пленарен состанок од која владејачката Работничка партија на Северна Кореја испрати порака до работниците и истражувачите да го анализираат неуспешното лансирање и да се подготват за уште едно во блиска иднина.


Сите задолжени за лансирањето на сателитот беа „жестоко критикувани“, јави КЦНА.

Севернокорејска ракета се урна во морето „откако ја загуби силата поради ненормално стартување на моторот од втората фаза“, соопшти официјален Пјонгјанг по неуспешното лансирање на сателитот со невообичаено искрено признание.

Северна Кореја вети дека ќе продолжи да ги развива своите нуклеарни капацитети и ќе ја зајакне солидарноста со другите земји кои се противат на, како што ја нарече, „американската стратегија за глобална надмоќ“.

На средбата се разговараше и за обезбедување на земјата со храна од сопствено производство преку зголемување на земјоделското производство во земјата и исполнување на целта за годишно производство на жито.

На почетокот на оваа година, јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека има сознанија дека ситуацијата со храната на Северот е влошена“ .

Северна Кореја е под строги меѓународни санкции поради нејзината нуклеарна програма и лансирањето балистички ракети, а нејзината економија е дополнително затегната од строго, самонаметнато затворање на границите, чија цел е да се спречи епидемијата предизвикана од ширењето на болеста „Ковид-19“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK