Милионер по телефон си ги пронашол автомобилот во кој Хамас ја убил неговата ќерка и нејзиното момче: „Планирале свадба“

Милионер-по-телефон-си-ги-пронашол-автомобилот-во-кој-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Таткото на Американка со потекло од Израел која беше убиена од Хамас заедно со нејзиното момче на музички фестивал, следеше сигнал од нејзиниот телефон за да го пронајде автомобилот во кој двајцата беа пронајдени убиени, додека се обидуваа да побегнат.


Ејал Валдман, основачот на „Меланок“, изјави за Си-Ен-Ен дека првично се надевал дека неговата 24-годишна ќерка Даниеле Валдман била фатена од терористи за време на нападот на музичкиот фестивал во јужен Израел во саботата.

Меѓутоа, само неколку минути пред извештаите, дознал дека меѓу 260-те убиени се и неговата ќерка и нејзиното момче.

„Точно видов како е убиена. На неа пукале од два правци, нападната од три до пет лица. Употребени се најмалку три пиштоли, судејќи по чаурите кои биле пронајдени во близина на возилото”, рекол неутешниот татко.

Во интервјуто кое претходно го даде за израелските медиуми, Ејал изјави дека Даниел, нејзиното момче и двајца пријатели во бела Тојота се обиделе да побегнат, но терористите ги фатиле.

„Тие никого не повредија“, вели таткото.

Ејал вели дека Даниел и нејзиното момче почнале да живеат заедно пред еден месец.

Тој вели дека при нивниот последен разговор ќерка му признала дека сака да се омажи.

„Сите кои ја запознале ја сакале, никому ништо лошо не направила“, рекол неутешниот татко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK