Метеоролозите во Велика Британија издадоа повеќе од 180 предупредувања за поплави

1-30.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската метеоролошка служба издаде повеќе од 180 предупредувања за обилни врнежи и поплави низ целата земја, а во тек е операција за спасување на возачите заглавени на поплавениот автопат М5, објавија денеска британските медиуми.



Како што јави Скај њуз, поплавен е и стадионот на локален фудбалски клуб, кој апелира за помош за санирање на последиците од невремето.

Дождот, кој паѓа со денови, најтешко ги погоди северните и централните делови на Англија и Велс, предизвикувајќи голем прекин  на сообраќајот во Милтон Кејнс, Оксфордшир, Кембриџшир, Лестершир и Западен Мидлендс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK