Медведев: Распоредувањето британски војници во Украина ќе биде објава на војна против Русија

Медведев-Украина-не-е-држава-а-Зеленски-не-е-претседател.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека секое распоредување на британски војници во Украина би значело објава на војна против Москва.


„Британскиот премиер Риши Сунак пристигна во Киев за да го потпише историскиот безбедносен договор. Како би реагирала западната јавност доколку британската делегација беше погодена од касетна муниција во центарот на Киев, како што им се случи со цивилите од нашиот Белгород “, напиша Медведев на Телеграм.

Тој додаде дека се надева оти „вечните непријатели на Русија, арогантните Британци, разбираат дека распоредувањето на нивниот официјален воен контингент во Украина ќе значи објава на војна против Русија“.

Сунак во посета на Украина соопшти дека Велика Британија ќе испрати 2,5 милијарди фунти воена помош.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK