Медведев: По нападот на регионот Курск, нема преговори со Украина

677z381_677z381_677z381_677z381_15-65a7e103592e0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По нападот на Киев врз областа Курск, Русија нема да води никакви преговори со Украина додека непријателот не биде целосно поразен, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност (СБ) на Руската Федерација Дмитриј Медведев.


Тој ги советувал политичарите на западните земји, кои според него „ги поддржуваат провокациите на режимот на Киев во Курската област“, ​​да не се радуваат на операцијата на украинската армија во тој руски регион, пренесува Тас.

Во објава на Телеграм, тој рече дека ситуацијата за Украина само ќе се влоши како резултат на тој чин.

Украинската армија на 6 август ја нападна областа Курск, заземајќи, според Киев, 82 населени места и 1.150 квадратни километри, со што за прв пат војната се пресели на руска територија, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK