Медведев ја обвини Америка за нападот на Хамас врз Израел

Медведев-ја-обвини-Америка-за-нападот-на-Хамас-врз-Израел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголемиот напад на палестинските милитанти врз Израел во последниве години беше предизвикан од неуспесите на американската надворешна политика, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.


Медведев ја поврза Америка со акциите на луѓето од военото крило на палестинската исламска група Хамас, кои упаднаа во израелските градови и испукаа ракети од Појасот Газа.

Медведев на Телеграм напиша дека избувнувањето на конфликтот е настан што можел да се очекува.

„Конфликтот меѓу Израел и Палестина трае со децении. А САД се клучен играч таму. Наместо активно да работат на палестинско-израелското насилство, овие идиоти се инфилтрираа во нашата земја и со сите сили им помагаат на неонацистите, спротивставувајќи ги двата блиски народи“, напиша тој.

„Што може да ја спречи опседнатоста на Америка да поттикнува конфликти ширум светот? Очигледно само граѓанска војна“, додаде Медведев.

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно објави дека Израел е во војна и вети дека Хамас ќе плати цена каква што никогаш досега не видел.

Медиумските извештаи наведуваат дека најмалку 40 луѓе се убиени, оградата на границата била пробиена и Израелци биле земени како заложници.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK