Медицински сестри ги дрогирале пациентите за да си ја олеснат работата: Сами ја одредувале дозата заради забава

Медицински-сестри-ги-дрогирале-пациентите-за-да-си-ја-олеснат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две медицински сестри од Велика Британија се осудени за нелегално дрогирање пациенти.



Медицинската сестра Кетрин Хадсон (54) и нејзината колешка Шарлот Вилмот (48), се прогласени за виновни затоа што на пациентите им давале седативи без нивна согласност за да им ја олеснат работата и за забава.

Тие беа вработени во болницата Блекпул Викторија помеѓу февруари 2017 и ноември 2018 година. Во тој период работеле во одделот за мозочен удар, пренесува Мирор.

Полицијата започна истрага откако студент-медицинска сестра рекла дека видела како Хадсон му дава на пациент, апче за спиење, без рецепт.

Инаку, Зопиклон е апче за спиење кое се дава во краткотрајна терапија за тешки форми на несоница и неговата употреба е забранета без лекарска наредба.

Полицајците ја пронашле и преписката што ја имале колешките во која јасно стои дека си сугерирале да ги дрогираат пациентите и со која доза.

„Заспијте го вечерва“ и „Веќе размислувам да му дадам дупла доза“ се дел од пораките.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK