Сопственик на куќа во округот Харис, Тексас, застрелал и убил човек кој вчера му ја украл преносливата скара. Шерифот на округот Ед Гонзалес рече дека полицијата одговорила на извештајот за пукање и прелиминарната истрага покажала дека жртвата се обидела да украде скара од домот.
Откако ја открил кражбата, сопственикот на куќата влегол во својот автомобил и тргнал по возилото на крадецот. Кога го стигнал, им се заканил на двајцата мажи во автомобилот. Тој во полиција изјавил дека крадецот имал пиштол и дека го застрелал од страв за неговата безбедност.
Гонзалес наведува дека другото лице во возилото не е повредено. Полицијата го приведе сопственикот на куќата кој, според шерифот, соработувал со истражителите и дал детален исказ за инцидентот, пишува „Фокс њуз“.