Маск по пукањето врз Трамп: „Целосно го поддржувам претседателот и му посакувам брзо закрепнување“

tramp-elon-musk.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Елон Маск на социјалната мрежа „Икс“ објави дека го поддржува Доналд Трамп по нападот врз него за време на митинг во Пенсилванија.


Кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше пукано на предизборен митинг во Батлер, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на окружниот обвинител. Напаѓачот и еден од посетителите се убиени.

„Целосно го поддржувам претседателот Трамп и му посакувам брзо закрепнување“, напиша Маск на „Икс“.

Маск сподели и фотографија од Трамп по нападот, држејќи ја десната рака со стисната тупаница високо во воздух веднаш по нападот.

Тој, исто така, на „Икс“ напиша дека „Америка немала толку силен кандидат уште од Рузвелт“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK