Доналд Трамп и Илон Маск, заедно со него како негов главен сојузник, имаат идеја да ја припојат Канада кон Америка. Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо се огласи по ова прашање, велејќи дека „нема апсолутно никакви шанси“ да се случи такво нешто, на што Илон Маск даде коментар кој наиде на негативен прием кај повеќето корисници на платформата „Икс“.
Маск се издвојува како најгласниот член на новата администрација на Доналд Трамп, која се уште официјално не ја започнала својата работа, бидејќи инаугурацијата на новоизбраниот претседател е закажана за 20 јануари. Маск целосно ја поддржува најновата идеја на Трамп за припојување на Канада и Гренланд кон Соединетите Држави и е подготвен да се бори за тоа.
„Нема ниту најмала шанса Канада да стане дел од САД. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат голема корист едни од други како наши најголеми партнери и сојузници“, напиша Трудо.
Потоа следеше мизогински напад од Илон Маск, кој се обиде да го навреди Трудо нарекувајќи го девојко.
„Девојко, ти повеќе не си лидер на Канада, па не е важно што ќе кажеш“, напиша Маск.
„Употребата на терминот ‘девојка’ со намера да се навреди маж е неприфатливо. Да се биде девојка не е грдо. Денес ретко гледате вакво однесување, дури и во средно училиште“, се вели во еден од коментарите на објавата на Маск.
Има и такви кои го поддржуваат. Како што велат, Маск е толку добар во сè, дури и во неговите напади.
Доналд Трамп вчера одржа едночасовна прес-конференција на која рече дека не ја исклучува употребата на воена сила доколку реши да ги освои Панамскиот канал и Гренланд, како и економски притисок доколку одлучи да ја анексира Канада, што предизвика бурни реакции во и оваа северноамериканска земја и Данска, од која Гренланд е автономна покраина.
Во „приватна посета“ на Гренланд дојде и неговиот син Доналд Трамп помладиот.
Трамп денеска доби сериозно предупредување од Франција да не си игра со европските граници.