Американската тајна служба соопшти дека е запознаена со објавата на Илон Маск на социјалните мрежи во која тој рече дека „никој не се ни обидува“ да го убие претседателот Џо Бајден или потпретседателката Камала Харис, јавува Би-би-си.
Маск во меѓувреме ја избриша објавата и рече дека било шега.
Неговата објава на „Икс“, дојде само неколку часа по обидот за атентат врз Доналд Трамп на теренот за голф во Флорида. Трамп вети дека ќе го постави Маск на чело на „комисијата за владина ефикасност“ доколку добие втор мандат.
Голем број корисници на „Икс“ ја критикуваа изјавата на Маск, а некои тврдеа дека објавата претставува поттик против американскиот претседател и потпретседател.
Во соопштението, Белата куќа го осуди објавувањето и го нарече „неодговорна реторика“.
Насилството не треба да се поддржува, охрабрува или да се шегува со тоа“, се вели во соопштението. „Не смее да има место за политичко и какво било друго насилство во нашата земја“, нагласи Белата куќа.
Американската тајна служба изјави за Би-би-си дека знаела за објавата. Тие рекоа дека не коментираат за вакви случаи, а Тајната служба ги истражува сите закани поврзани со заштитени лица.
Well, one lesson I’ve learned is that just because I say something to a group and they laugh doesn’t mean it’s going to be all that hilarious as a post on 𝕏
— Elon Musk (@elonmusk) September 16, 2024
„Лекцијата што ја научив е дека ако им кажам нешто на група луѓе, а тие се смеат, тоа не значи дека шегата ќе биде исто толку смешна кога ќе биде објавена на Икс“, напиша Маск по бришењето на првиот статус.
Turns out that jokes are WAY less funny if people don’t know the context and the delivery is plain text
— Elon Musk (@elonmusk) September 16, 2024
„Излегува дека шегите се многу помалку смешни ако луѓето не го знаат контекстот и ако е напишана“, додаде тој.