Маск: Америка треба да се повлече од НАТО и ОН


ilon-mask.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милионерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите нации и НАТО.


Маск одговори на објавата на поддржувач на Трамп на Икс кој напиша: „Време е да ги напуштиме ОН и НАТО“. Маск одговорил: „Се согласувам“.

Оваа објава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и ЕУ и Украина во контекст на војната и напорите на Трамп за прекин на огнот. Трамп и претходно најави и презеде одредени повлекувања од меѓународните организации, додека трансатлантскиот сојуз и мултилатерализмот не му значат многу.

Администрацијата на Трамп наместо тоа се фокусира на билатералните односи, на затоплување на односите со Русија, а потоа сака да го пренасочи својот фокус на ривалството со Кина. Но, напуштањето на ОН би било потег без преседан со несогледливи последици за меѓународниот поредок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK