Украинската контраофанзива се развива побавно од предвиденото, но напредува уверено, изјави претседателот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал Марк Мили.
„Се развива побавно отколку што беа прогнозите. Тоа не ме изненадува“, изјави Мили во Националниот прес-клуб во Вашингтон. Тој додаде дека офанзивата „напредува самоуверено и намерно, пробивајќи го својот пат низ комплексни мински полиња и други“ пречки.