Марија Захарова: Русија се надева дека договорот за прекин на огнот ќе помогне да се реши палестинското прашање

zaharova.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија се надева оти договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас ќе помогне да се создадат услови за решение на палестинскиот проблем.


„Се надеваме дека спроведувањето на договорот ќе стане важен практичен чекор кон долгорочно стабилизирање на ситуацијата во зоната на палестинско-израелската конфронтација“, рече таа на прес-конференција, додавајќи дека тоа исто така ќе создаде предуслови за подобрување на ситуацијата во целиот регион на Блискиот Исток, вклучително и Либан, Сирија и Јемен, објави агенцијата Риа Новости.

Захарова додаде дека Русија се надева дека склучувањето на овој договор ќе придонесе за формирање на неопходните услови за процесот на сеопфатно политичко решение на палестинскиот проблем на меѓународно призната правна основа.

По 15 месеци крвав конфликт, Израел и Хамас постигнаа договор за примирје. Шестнеделното примирје ќе стапи на сила на 19-ти јануари.

Во првата фаза треба да бидат ослободени 33 израелски заложници во замена за стотици палестински затвореници. Американскиот претседател во заминување, Бајден, ја поздрави објавата, додавајќи дека американската дипломатија дала резултати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK