Кристина Јоксимовиќ (38), поранешна манекенка, во февруари годинава беше пронајдена мртва во својот дом во близина на Базел, Швајцарија. Нејзиниот сопруг Томас (41) призна дека ја убил, а Федералниот суд сега ја одбил неговата жалба да биде пуштен од притвор бидејќи, како што тврди, тоа го направил во самоодбрана.
Имено, Кристина била убиена и распарчена, а телото и било сомелено во блендер, пренесува dnevnik.hr.
Медиумите објавија дека тој го признал убиството при реконструкција на злосторството, но тврди дека ја убил сопругата со која има две деца, откако таа го нападнала со нож.
Обдукцијата утврдила дека Кристина Јоксимовиќ била задавена, а нејзиното тело било распарчено во пералната со нож и градинарски ножици. Деловите од телото потоа биле исецкани со рачен блендер и растворени во хемиски агенс, пишува Sky News.
Томас прво тврдел дека ја нашол сопругата убиена и распарчена. Тој беше уапсен ден по откривањето на телото на Кристина.