Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето, пренесува Law and Crime.
Амир Демарион Харден починал на 9 јуни од компликации откако бил застрелан во главата и вратот на 6 јуни, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Хенепин.
Според медиумот, на денот на пукањето, таткото на момчето, Денер Харден, бил ослободен од затвор откако платил кауција по обвиненијата за семејно насилство. Тој се вратил во семејниот стан бесен и се обидел да ја убие сопругата.
„Неговиот татко се обиде да ме убие, но мојот син беше застрелан поради мене. Амир се обиде да му го одземе пиштолот од рацете на татко му. Му викав да оди кај соседите. Тој одби и рече – мамо, не те оставам!“, напиша Чериш Едвардс#, ожалостената мајка на Амир.
Кога видел дека го застрелал синот, таткото си пукал во глава, велејќи пред тоа дека „случајно пукал“ во детето, изјави Едвардс. Мајката на момчето додаде дека четирите браќа и сестри на Амир биле сведоци на шокантното насилство.