Макрон свикува состанок на Г7 поради цените на енергенсите: на маса се стратешките резерви


g7depositphotos_323202182_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека земјите-членки на Г7 ќе одржат состанок во наредните недели за да ја зајакнат соработката и да обезбедат стабилно снабдување со енергија. Состанокот е поттикнат од енергетската криза предизвикана од војната во Иран, пренесува Ројтерс.


„Во наредните недели ќе одржиме состанок на Г7 посветен на енергетските прашања. Сакаме да ја зајакнеме соработката и да избегнеме непотребни тензии меѓу членките и нашите клучни партнери. Исто така, ќе ја разгледаме можноста за пуштање на стратешките резерви на пазарот или за укинување на ограничувањата, како што тоа го сторивме пред неколку месеци“, изјави Макрон на прес-конференција.

Протести поради цените на горивото
Истовремено, владата на Макрон се соочува со протести и притисок од јавноста поради високите цени на горивото. Како резултат на тоа, претседателот организираше средба со лидерите на парламентарните партии за да разговараат за кризите на Блискиот Исток и во Украина, како и за нивното влијание врз пазарот на енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK