Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ја продолжува војната „без почитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските понуди на претседателот Трамп“.
„Таа војна, сите знаат дека Русија е единствената што ја сакаше. Денес е јасно дека Русија е единствената што избира да ја продолжи“, додаде тој во објавата на „Икс“.
„Потребни се силни мерки за да се наметне прекин на огнот на Русија. Франција, со своите партнери, неуморно работи на ова“, рече Макрон.