Макрон одбива да назначи премиер договорен од левицата

3-10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека владата во заминување ќе остане на функција до средината на август додека Франција е домаќин на Олимпијадата, отфрлајќи го обидот на левичарскиот сојуз да наметне нов премиер.

Француската левичарска коалиција Нов народен фронт, која освои најмногу места во парламентот на изборите овој месец, но не и мнозинство, вчера објави дека ќе го номинира експертот за финансиски криминал Луси Кастес за свој премиерски кандидат.

„До средината на август не сме во позиција да ги промениме работите, бидејќи тоа би создало хаос“, рече Макрон.

Олимписките игри во Париз, кои се одржуваат од петок до 11 август, се голем логистички и безбедносен предизвик за Франција, со 35 спортски сали и околу 10.500 спортисти.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK