Францускиот претседател Емануел Макрон веројатно вечерва ќе соопшти кој ќе биде новиот премиер на Франција, јавува телевизијата „БФМ“.
Се очекува името на новиот премиер да биде објавено најдоцна до осум часот навечер, но се уште не се знае дали Макрон ќе и се обрати на јавноста и ќе го објасни изборот.
Според француските медиуми, најголеми шанси да стане нов премиер во моментов има Ксавиер Бертран од Републиканската партија. За назначувањето на идниот премиер, Макрон разговараше со претседателот на Сенатот Жерар Ларше, шефот на пратеничката група на републиканската десница, Лоран Вокије и шефот на републиканската група во Сенатот, Бруно Ретахо.
Поранешниот премиер Бернар Казнев и Тјери Боде беа посочени од медиумите како потенцијални кандидати за премиер. Под притисок на опозицијата што поскоро да назначи нов премиер, францускиот претседател во Елисејската палата се сретна со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози, како и со Казнев.
Месец и пол по вонредните парламентарни избори и оставката на владата на Габриел Атал, Макрон се уште нема именувано нов премиер. Левичарските партии го обвинија Макрон за „опструкција“, бидејќи ја исклучи кандидатката на Новиот народен фронт, Луси Каст, од листата на кандидати.
Ултралевичарската партија „Неосвоена Франција“ го иницираше процесот за импичмент на Макрон, пренесува Танјуг.