Макрон: Ќе останам претседател до крајот на мојот мандат до 2027 година

Макрон-Французи-борeте-се-против-антисемитизмот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат, кој трае до мај 2027 година, пренесе Ројтерс.


Во вечерашното обраќање до нацијата, еден ден откако членовите на францускиот парламент вчера и изгласаа недоверба на владата предводена од Мишел Барние, Макрон рече дека ќе остане на чело на земјата.

„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го исполнам до самиот крај“, рече Макрон за време на 10-минутниот говор, додавајќи дека во наредните денови ќе именува нов премиер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK