Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за негова можна оставка, со оценка дека повиците за негова оставка ја претставуваат „политиката на фикцијата“, додека француските пратеници попладне се подготвуваат да гласаат за доверба на владата, објавија денеска француските медиуми.
„Тоа нема смисла. Денеска стојам пред вас затоа што двапати сум избран по волјата на францускиот народ“, рече Макрон, кој е во посета на Саудиска Арабија, пренесува телевизијата БФМ.
Во последните денови, многу партиски политички функционери повикаа на оставка на Макрон – од оние од екстремно десничарскиот Национален собир до оние од екстремната левичарска Непокорена Франција.