Макрон: Би разговарал со Путин, верувам во моќта на дијалогот

LAlvz-makron-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во последните неколку месеци, но вели дека би сакал да го продолжи дијалогот со рускиот лидер.


„Верувам во моќта на дијалогот и би го продолжил со Путин. Немаше дијалог во последните неколку месеци“, рече Макрон, додавајќи дека би можеле да разговараат и за прашањето за нуклеарните централи.

Во март, францускиот претседател ја отфрли идејата дека односите меѓу него и Путин се заладени и потсети дека тој неколку пати разговарал со рускиот претседател откако Русија започна војна во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK