Макрон: Азербејџан го загрозува територијалниот интегритет на Ерменија

Макрон-Азербејџан-го-загрозува-територијалниот-интегритет-на-Ерменија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Франција зборуваше за односите меѓу Баку и Ереван поради последните настани во Нагорно-Карабах.



Макрон за „Франс прес“ изјави дека Азербејџан го загрозува територијалниот интегритет на Ерменија и затоа Париз многу внимателно ја следи ситуацијата.

Како што рече, тоа е сега на маса, бидејќи властите од Баку сега немаат ништо и никој не ги спречува во нивните намери, па затоа се закана за границите на Ерменија.

Освен тоа, францускиот претседател ја обвини Москва дека станала соучесник на Баку, а коментирајќи ја поддршката на Турција за последната операција на Азербејџан, Макрон изјави дека Турција секогаш го поддржувала Баку, бидејќи тие се сојузници.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска на територијата на Азербејџан треба да се сретне со властите од Баку.

Сепак, украинскиот портал „Strana.ua“ на Телеграм објаснува дека главното внимание на лидерите на Турција и Азербејџан најверојатно нема да биде Нагорно-Карабах, туку копнениот коридор што го поврзува Баку со Турција, кој минува низ јужниот дел на Ерменија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK