Полицијата во Романија го истражува труењето на три девојчиња, од кои едното е во критична состојба.
Три девојчиња на возраст од 8, 12 и 13 години од Орашти се хоспитализирани во неделата наутро, откако во саботата навечер им биле измиени главите со токсичен раствор, за кој подоцна било откриено дека се користи за чистење на овците од парази.
Тие биле примени во болница откако покажале знаци на тешко труење, кои биле придружени со повраќање и губење на свеста.
Во текот на ноќта девојчињата почнале да се жалат на вртоглавица и повраќање, а семејството повикало брза помош.
Тинејџерките на возраст од 12 и 13 години се задржани во болница во Дева, додека осумгодишното девојче во критична состојба е префрлено во Темишвар, каде што е интубирано и приклучено на механичка вентилација.
Првите резултати од истрагата покажуваат дека девојчињата ги отруле своите мајки, кои се обиделе да ги ослободат од вошките, миејќи им ги главите со средство за уништување на паразитите кај овците.
Полицијата околу 2 часот утринава добила повик од болница и ѝ било кажано дека се донесени три девојчиња со јасни знаци на труење од непозната материја.
– При истрагата било утврдено дека девојчињата биле во куќа во Орашти, а две жени, мајки на малолетните девојчиња сакале да ги ослободат од вошките, соопшти истрагата.
Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за нанесување повреди на малолетно лице.
Инцидентот се случи два дена откако почина петгодишно девојче, а нејзините братучеди, на возраст од 2 и 10 години, се хоспитализирани кога нивната баба им ги измила главите со раствор што се користи за чистење на овците од паразити.