Грозоморен случај на семејно насилство е откриен во Честер, Велика Британија, кога мајка три години ја држела својата ќерка затворена во фиока во креветот без да и дозволи да ја види светлината на денот или да дише свеж воздух. Кога го пронашле девојчето, реакцијата на мајката ги изненадила сите присутни.
Имено, жената била целосно мирна, без никаква реакција и емоции. Единствениот одговор што го дала е потврдата дека ја чува ќерка си во кревет: „Да, во фиока е“.
“Бев шокиран што мајката не покажа никакви емоции и изгледаше рамнодушно на спомнувањето на ситуацијата. Страшно е што детето цело време знаеше само едно лице”, рекол социјалниот работник, пишува Manchester Evenings News.
Девојчето во фиока го открил партнерот на жената кој од собата го слушнал детскиот плач. Кога ја отворил фиоката бил во шок. Тригодишното девојче било толку неухрането што изгледало како седуммесечно бебе. Како што подоцна било утврдено, мајката ја хранела ќерката преку шприц и само со млечна храна, пренесуваат медиумите во светот.
Детето било пронајдено со повреди на телото, бушаво и запуштено. Имала видлив расцеп на непцето кој никогаш не бил медицински третиран. Ништо не можела да препознае бидејќи три години од животот не го видела ниту лицето на мајка си, пренесуваат медиумите во светот.
„Последиците за детето се катастрофални. Физички, психолошки и социјално“, рече записничарот Стивен Еверет од Честер Краун Корт.
За време на сослушувањето, жената на полицијата и рекла дека не знаела дека е бремена и дека била многу исплашена кога се породила во 2020 година. Рекла и дека фиоката во која се чувало бебето никогаш не била целосно затворена. Наводно, причина за ваквото однесување е насилниот однос кој го имала со таткото на детето, поради што не сакала тој да знае за неа.
Мајката, чие име не е објавено за да се заштити идентитетот на детето, се изјасни за виновна по четири точки од обвинението.
Девојчето никогаш не ги запознало своите браќа и сестри за три години од нејзиниот живот. Не прославувала празници со нив, ниту пак ја напуштила фиоката. За прв пат била однесена во болница кога имала 10 месеци, кога веќе се забележувало дека е неухранета и дехидрирана. После тоа, нема информации дека мајката некогаш отишла на лекар, според написите.
„Сè уште не е јасен мотивот за ваквото однесување на мајката. Сега останува на обвинителството. Наша работа е да го изведеме одговорниот пред лицето на правдата. Тоа сега е сторено и се надеваме дека девојчето ќе се опорави и ќе се снајде да живее нормален живот“, рече обвинителката Рејчел Ворингтон.