22-годишна Германка чие голо крваво тело го влечеле терористите на Хамас во пикап можеби е жива. Шани Никол Лук беше на забава на која упадна Хамас и уби над 200 посетители.
Таа беше одведена, а снимката подоцна се прошири на социјалните мрежи како еден од доказите за злосторствата што ги изврши Хамас.
Иако на видеото се чини дека девојката е мртва, нејзината мајка за Билд изјави дека семејството добило информација дека Шани е жива.
„Сега имаме докази дека Шани е жива, но има сериозна повреда на главата и е во критична состојба. Секоја минута е важна“, вели мајката.
Палестински извори им кажале на роднините дека 22-годишната девојка е во болница. Мајката ги моли германските власти за помош. „Не треба да се расправаме за надлежности сега“, рече таа.
Друга трага за исчезнатата девојка се појави порано од Газа: нејзината кредитна картичка била користена во неделата вечерта во продавница. Трансакцијата не била извршена, но мајката добила предупредување од банката преку е-пошта.
Младата Германка од Баден Виртемберг беше на фестивалот со нејзиното момче Орион Хернандез од Мексико и пријателите на фестивалот Супернова каде што минатиот викенд упадна Хамас.