Минатата недела во Печуј, Унгарија почина тригодишно дете откако мајка му К.О.И.(27) го претепала и го оставила да умре. На злосторството посведочил и нејзиниот партнер (23), кој видел дека на детето му е потребна помош, но не презел ништо.
Како што пренесува Јутарњи лист, според изјавите на соседите, детето веднаш по раѓањето било сместено во дом за запуштени деца, бидејќи мајка му го напуштила. Пред десет месеци се предомислила и повторно ја презела грижата за малиот. Против мајката на детето и нејзиниот партнер е покрената истрага за убиство.
Се сомнева дека при малтретирањето мајката со толкава сила го фрлила детето на под што се здобило со фрактура на черепот. После тоа момчето почнало да повраќа, крвари и на крајот се задушило.
Според соопштението на Окружниот суд Печуј, осомничените живееле заедно во станот каде вечерта на 18 октомври се случило претепувањето на детето. Според изјавата, детето плачело во креветчето, мајката го подигнала и го фрлила на подот, при што со главата удрило во тврда подлога.
„Малото момче се здобило со фрактура на черепот и внатрешно крварење, а еден ден подоцна починало од повредите“, се наведува во соопштението на судот.
Понатаму беше наведено дека момчето почнало да повраќа поради повредите. Партнерот на мајката бил сведок на злосторството, но бил рамнодушен кон ситуацијата на детето. Мајката во полиција признала дека го тепала синот бидејќи бил немирен и премногу плачел.