Двегодишно девојче паднало во кома откако мајка и го измила со раствор за чистење овци од паразити. Девојчето било спасено во последен момент.
Ова е уште еден случај во она што веќе стана исклучително опасна појава, која однесе животи на неколку деца, пренесува „Антена Обсерватор“.
Двегодишното девојче од Сучеава пристигнало во болница во кома, откако нејзината мајка ја измила со раствор за овци против црви.
Девојчето можело да се спаси, бидејќи во болницата за детски болести во Јаши добило противотров и му биле извршени соодветните лаважи и успеала да се разбуди од кома.
Моментално е во свесна состојба, но останува на одделението за интензивна нега за да ја следат лекарите.
Таа преживеа, бидејќи често се случува во слични ситуации да умрат мали деца кои биле отруени од овие супстанции, велат надлежните.
Лекарите апелираат до родителите да не користат супстанции за чистење на животните од паразити на децата или на луѓето воопшто, бидејќи тие делуваат како отров.