Maчка и’ го спасила животот на својaта сопственичка за време на руски напад, пишуваат украинските медиуми

bb2c2ebd-f8ad-48fc-98f2-fc2faf449436.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасувачите извлекоа мачка од урнатините на станбена зграда во Мирноград во регионот Доњецк, по руска ракета.


Пред нападот, мачката и’ го спасила животот на својата сопственичка, објавија украинските медиуми.

Како што пренесува „Украинска правда“, сопственичката рекла дека неколку минути пред нападот мачката почнала гласно да мјаука и упорно ја носела во друга соба.

Руската ракета не го уништила делот од станот во кој мачката ја довела жената. Спасувачите при потрагата го пронашле животното. Мачката останала под урнатините речиси цел ден, за среќа неповредена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK