Локализиран пожарот на аеродромот во Лондон: во гаснењето учествувале 15 возила, пистата е отворена за авиони

Локализиран-пожарот-на-аеродромот-во-Лондон-во-гаснењето-учествувале-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На аеродромот „Лутон“ во Лондон денеска беа обновени летовите, по повеќе од 17 часа прекин предизвикан од пожар.


Во соопштението од аеродромот „Лутон“ на социјалните мрежи, се наведува дека „пистата сега е отворена, а авионите почнаа да слетуваат и полетуваат“, објави Ројтерс.

Според извештаите, голем пожар го зафатил паркингот на терминалот, кој се проширил откако автомобил се запалил.

Би-би-си објави дека 15 противпожарни возила учествувале во гаснењето на пожарот кој зафатил половина од катната зграда.

Катниот паркинг на терминалот претрпел „значителна структурална штета“ а до 1.200 возила можеби биле на паркингот во моментот на пожарот и можеби биле оштетени потоа, соопшти противпожарната служба на округот Бедфордшир.

Четворица пожарникари и еден аеродромец се пренесени во болница поради вдишување чад.

Стотици луѓе во тоа време беа во „Лутон“, без начин да се вратат дома, а многумина потврдија дека нивните автомобили биле паркирани, пренесува медиумот.

Лондонскиот аеродром „Лутон“ е петти по големина аеродром во ОК по Хитроу, Гетвик, Манчестер и Станстед, со повеќе од 13 милиони патници во 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK