Лихтенштајн ќе ја има првата жена премиер


brizit-has.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По вчерашните избори во Лихтенштајн, жена за прв пат ќе ја преземе власта во ова кнежевство меѓу Австрија и Швајцарија.


Брижит Хас (60), адвокатка и директорка на Трговско-индустриската комора, според официјалните резултати, победи на парламентарните избори со нејзиниот Патриотски сојуз (ВУ). Откако функцијата премиер беше воведена во кнежевството во 1921 година, таа ја извршуваа само мажи. Хас ќе положи заклетва на 20 март.

Лихтенштајн е најмалата земја во која се зборува германски, со површина од 160 квадратни километри. Има околу 40.000 жители, од кои околу една третина се странци, главно Швајцарци, Австријци и Германци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK