Лидерот на Хезболах се закани: „Ќе бомбардираме нови цели ако Израел продолжи да убива цивили“

22-hezbolah.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на Хезболах Саид Хасан Насрала денеска изјави дека Хезболах ќе погоди нови цели во Израел доколку вооружените сили на земјата продолжат да убиваат цивили во Либан.



„Продолжувањето на бомбардирањето на цивилите ќе го поттикне Отпорот да лансира ракети на населени места кои претходно не биле мета“, рече Насрала, истакнувајќи го зголемувањето на бројот на цивили убиени во Либан во последните денови, пренесе Ројтерс.

Пет цивили, меѓу кои три деца, загинаа во вчерашните израелски напади во Либан, а најмалку тројца либански цивили беа убиени еден ден претходно, соопштија државните медиуми и безбедносните извори.

Израел и Хезболах, поддржан од Иран, разменија оган откако групата објави „фронт за поддршка“ за Палестинците набргу откако нејзиниот сојузник Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

Групите во регионот усогласени со Иран, вклучително и шиитските вооружени фракции во Сирија и Ирак и јеменските Хути, исто така го напаѓаат Израел од 7 октомври.

Според Ројтерс, во борбите во Либан загинале повеќе од 100 цивили и повеќе од 300 борци на Хезболах.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK