– Лидерите на осум јужноамерикански држави денеска ги повикаа богатите земји да им помогнат во развивање на план за заштита на најголемата прашума во светот, Амазон, но не се обврзаа на нулта сеча до 2023 година поради поделбата за екстракција на нафта.
Во заедничката декларација на крајот од дводневниот самит во бразилскиот град Белем, осумте јужноамерикански земји кои се дом на прашумата Амазон, наведуваат дека обезбедувањето на нејзиниот опстанок не може да зависи само од нив, бидејќи ресурсите на дождовната шума се користи низ целиот свет.
Членовите на Договорот за соработка Амазон не се согласија со заедничка посветеност да се стави крај на уништувањето на прашумата. Тие не успеаја да се договорат за унифициран став за улогата на екстрактивните индустрии во регионот, како што се производството на говедско месо, нафтата и рударството, кои се главните причинители на уништувањето на Амазон.
Во декларацијата, лидерите на осум јужноамерикански земји повикаа на олеснување на долговите во замена за климатски акции, се согласија да ја зајакнат регионалната соработка за спроведување на законот за борба против кршење на човековите права, илегалните рудници и загадувањето и ги повикаа индустријализираните земји да ги почитуваат обврските за обезбедување финансиски поддршка за развој на нивните земји.
Бразил и Колумбија изминатите 12 месеци пријавија пад на стапката на уништување на шумите.
Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва на крајот од самитот истакна дека шумата ги обединува.
Време е да погледнеме во срцето на нашиот континент и да го консолидираме, еднаш засекогаш, нашиот амазонски идентитет, истакна Силва.
Колумбискиот претседател Густаво Петро повика на прекин на потрагата по фосилни горива во Амазон, кој е главниот двигател на глобалното затоплување, но Бразил, Венецуела и другите производители на нафта не се согласија.
На самитот учествуваа претставници од Бразил, Боливија, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Перу и Суринам.