Хасан Насрала, лидерот на Хезболах, милитантна исламистичка организација која дејствува во Либан, се сретна во Бејрут со највисоките претставници на Хамас и на палестинскиот исламски џихад.
На објавените фотографии се гледа дека Насрала се сретнал со заменик-шефот на Хамас, Салех ал-Арури и со лидерот на Исламскиот џихад, Зијад Нахалех, пишува Тајмс оф Израел.
Според медиумите под контрола на Хезболах, Насралах и палестинските милитантни водачи оцениле какви чекори мора да преземе „оската на отпорот“ за да „постигне вистинска победа“ во Газа.
Палестинскиот исламски џихад е втората по големина милитантна организација во Газа по Хамас.