Лидерите на Групата седум поддржуваат решение со две држави за Израел и Палестина

јкч.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерите на Групата седум (Г7) се многу загрижени за ситуацијата на границата меѓу Израел и Либан и ги поддржуваат напорите на САД да обезбедат прекин на огнот во Појасот Газа, се вели во нацрт-изјавата што ќе биде објавена по самитот на Г7 оваа недела.


Во соопштението се додава дека западните лидери ја повториле својата „непоколеблива определба за решение со две држави за да можат Израелците и Палестинците да живеат во мир, рамо до рамо“, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, тие го повикаа Израел да се воздржи од целосна офанзива во Рафах, „во согласност со неговите обврски според меѓународното право“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK