Во денешниот воздушен напад на израелската армија на периферијата на Бејрут загинаа најмалку осум лица, а 59 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
Израелската војска претходно денеска соопшти дека извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека е погодено јужно предградие на Бејрут и дека цел бил лидер на Хезболах.
Нападот погодил локации во близина на клучни објекти што ги користи Хезболах, објави британската агенција, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори во Либан.