Либанскиот парламент по 12-ти пат не успеа да избере претседател.
Во трката беа кандидатот поддржан од Хезболах Сулејман Франгие и поранешниот министер за финансии Џихад Азур, но ниту еден не успеа да добие доволно гласови за да биде избран за шеф на државата.
Неуспешното гласање ја продлабочи и онака затегнатата ситуација во Либан, кој е соочува со една од најтешките економски кризи во светот и невиден политички ќор-сокак. Либанскиот кабинет има делумни овластувања, а законодавниот дом е фрагментиран.
Собраниската седница заврши денеска откако пратениците на Хезболах и партијата Амал ја напуштија салата по првиот круг на гласање. Со тоа не можеше да се формира кворум за да се иницира втор круг.