Либанска армија: Израелците убија новинар во близина на границата

Либанска-армија-Израелците-убија-новинар-во-близина-на-границата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Либанската армија денеска соопшти дека во пукање во близина на израелската граница на југот на земјата е убиен новинар, а за убиството одговорна ја сметаат израелската армија.


Израелската војска соопшти дека нејзините сили целеле на инфраструктурата на Хезболах и погодиле три лица кои се обиделе да истрелаат противтенковски ракети врз Израел. Што се однесува до обвинението на либанската армија за убиството на новинарот, велат дека го истражуваат случајот.

Хезболах потврди дека истрелал ракети врз израелските позиции во селото Манара, на што Израелците одговориле со гранатирање. Портпаролот на мировните сили на ОН во Либан, Андреа Тененти, рече дека еден цивил е убиен во пукањето.

„Либанската армија побара наша помош за седум лица кои беа заглавени во близина на границата при жестока размена на оган. Контактиравме со израелската армија за да побараме од нив да го прекинат огнот и на тој начин да ги спасат споменатите седуммина. За жал, едно лице го загуби животот за време на инцидент, односно пукање што се случило, додека другите се спасени“, изјави Тененти.

Либанската армија тврди дека станува збор за седум медиумски работници кон кои израелските војници впериле митралези и убиле едно лице, а раниле друго. Сепак, тие не го открија идентитетот.

Трагедијата се случи една недела откако новинар на Ројтерс беше убиен, а неколку други беа ранети, исто така во јужен Либан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK