„Летовите што се во воздух ќе останат во воздух“: нема полетувања и слетувања поради технички проблеми од Америка до Австралија

Авиокомпанија-воведува-зони-без-деца-мислењата-се-поделени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американ ерлајнс, Јунајтед и Делта побараа од FAA да ги приземји сите летови поради глобалниот проблем со компјутерот, соопшти FАА во предупредувањето во петокот наутро.


FAA побара од контролорите на летање да им кажат на пилотите дека авиокомпаниите моментално имаат проблеми во комуникацијата.

Во меѓувреме, летовите во воздух ќе останат во воздух, но нема да полетаат летовите на Американ, Јунајтед или Делта, објави ABC News.

Сè уште не е познато колку е распространет проблемот, но познато е дека аеродромот во Мелбурн во Австралија исто така рече дека „доживуваат глобален технолошки проблем“ што влијае на нивните процедури за пријавување, пренесува N1.

Проблеми се забележани и на аеродромот во Берлин, каде во петокот наутро ниту еден авион не можеше да слета или полета. Причината, како што е наведено, е технички дефект кој довел до доцнење во обработката.

Според непотврдени извештаи, имало голем дефект на серверот и се вели дека се активирани системи за итни случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK