Лекарите специјализанти во Англија започнаа штрајк

Лекарите-специјализанти-во-Англија-започнаа-штрајк.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лекарите специјализанти во Англија денеска започнаа тридневен штрајк и најавија нов шестдневен штрајк од 3 до 9 јануари поради спорот околу зголемувањето на платите, објави Британската медицинска асоцијација (БМА), која застапува околу 50.000 членови.


Општата болница Челтенхем соопшти дека ќе го затвори одделот за итни случаи, додека менаџерите на болниците во Лондон ја повикаа јавноста да ги користи само службите за итни случаи, објави Ројтерс.

Лекарите специјализанти ги напуштија преговорите со владата откако им беше понудено зголемување на платите меѓу осум и 10 проценти.

Тие бараат зголемување од 35 проценти, што според нив е неопходно за да се покрие влијанието на инфлацијата што се акумулирала во текот на неколку години.

Британската министерка за здравство Викторија Аткинс изјави дека се преземени значајни итни мерки и додаде дека останува отворена вратата за БМА да се врати на преговорите, пренесува Танјуг.

Директорите на болниците изјавија дека шестдневниот штрајк во јануари ќе биде најдолгиот штрајк во историјата на британската национална здравствена служба и додадоа дека особено го отежнува фактот што се одржува за време на празниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK