Медицинска сестра и возач на брзата помош загинаа во израелски напади врз две болници во Газа, објави групата Лекари без граници.
„По ескалацијата меѓу Израел и Газа, израелски ракети паднаа во близина на болницата“, објавија Лекари без граници.
Оттаму додаваат дека загинале една медицинска сестра и возач на Брзата помош, а неколку медицински работници се повредени.
„Здравствените установи не смеат да бидат мети. Тие мора да бидат прибежиште за сите граѓани“, додаваат тие и бараат од двете страни да го почитуваат тоа.
„Не смее да се потцени обемот на оваа нова рунда непријателства“, додаваат тие, потсетувајќи дека палестинските и израелските власти известуваат за огромни жртви низ Израел и Газа.