Лавров: Помошта за Украина се дава врз основа на кражба на рускиoт имот и на штета на развојот


677z381_677z381_677z381_lavrov-ukr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Прекумерната помош за Украина е обезбедена врз основа на кражба на суверени фондови и на сметка на меѓународната помош за развој, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.


Лавров, на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Г-20 во Јоханесбург, изјави дека помошта доделена на Украина на овој начин достигнала невидени размери, пренесе ТАСС.

По почетокот на рускиот напад врз Украина, Советот на Европската унија одобри резолуција со која се обезбедува правна основа, профитот од замрзнатите руски средства да се користи за воена помош за Украина, а во јуни минатата година лидерите на Г7 се согласија да му дадат на Киев заем од 50 милијарди долари (47,7 милијарди евра), делумно финансиран од каматите од замрзнатите руски средства.

„Минатата година на ноемврискиот самит на Г20 во Рио де Жанеиро беше констатирана сумата на воените трошоци во светот – 2,4 трилиони долари“, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи рече и дека „во овие услови, пред се, благодарение на напорите на земјите од БРИКС и нивните истомисленици, Г20 продолжува да го одржува статусот на корисна платформа за развој на различни нивоа на држави“.

Лавров потсети дека во 2024 година, лидерите на земјите од БРИКС едногласно и недвосмислено се залагаа, земјите од јужната хемисфера да добијат „вистинска потпора на влијание врз активностите на мултилатералните институции, особено Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, сразмерно на нивната тежина и да се осигураат дека нивните потреби се земаат предвид во Светската трговска организација“.

„Сега мораме да ги исполниме договорите, а Русија ќе направи се за да биде полесно“, нагласи Лавров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK