Лавров: Не е исклучено Москва да преземе реципрочни мерки, ако ни ги конфискуваат средствата, ќе имаме на што да одговориме

Лавров-Не-е-исклучено-Москва-да-преземе-реципрочни-мерки-ако.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во случај Германија да го конфискува имотот на Русија, не е исклучено Москва да преземе реципрочни мерки, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Имаме што да конфискуваме за возврат, додаде тој.


„Сега размислуваат да најдат некаков правен начин како да го конфискуваат имотот на Русија и да го испратат во Украина. Но, Европејците го задржаа барем привидот на почитување на сопствените закони и затоа ја одложуваат оваа одлука. Според нашите информации, Американците на затворени состаноци им објаснуваат како можат да ги променат овие закони за да земат се и на крајот да крадат. Ќе видиме, ако се случи ова, „ќе имаме и што да конфискуваме“, рече Лавров на прес-конференција во Тунис.

Лавров вчера беше во Мароко, а како што изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ќе ја продолжи турнејата, но не сакаше да открие кои земји ќе ги опфати.

Медиумите потсетуваат дека германското генерално обвинителство вчера поднесе барање до судот за конфискација на руски имот во вредност од над 720 милиони долари.

Во соопштението се наведува дека Обвинителството има намера да конфискува средства на сметка на руска финансиска институција во банка во Франкфурт во споменатиот износ поради обид за прекршување на ембаргото.

Обвинителството не соопшти на кого му припаѓаат средствата.

„Шпигел“ тврди дека Рускиот национален депозитар, кој е под санкции на ЕУ од јуни 2022 година, ги има на располагање овие средства. Наводно, вработените се обиделе да префрлат 720 милиони евра од сметката на германската филијала на „ЈП Морган“ на друга сметка, но трансакцијата не била завршена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK