10-месечно бебе е во критична состојба откако куче го искасало во домот во Барнсли.
Момчето веднаш било пренесено во болница и итно било оперирано, пренесуваат локалните медиуми.
Полицијата соопшти дека кучето не било агресивно пред нападот и дека нема никакви пријави.
Сопственикот на кучето изјавил во полицискиот извештај дека неговиот миленик секогаш бил прекрасен и внимателен со децата.
Тој додал дека во последните денови кучето било под стрес поради звук на огномет.
Нападот се случил кога бебето почнало да плаче.
Родителите сега бараат од сите сопственици на кучиња да бидат свесни за промените во однесувањето на нивните животни.