Кремљ најави дека стравува од „целосна дестабилизација“
Кремљ денеска објави дека стравува од „целосна дестабилизација“ на Блискиот Исток поради воената ескалација меѓу Израел и Хезболах во Либан.
„Се разбира, ова е потенцијално исклучително опасен настан со проширување на зоната на конфликтот, целосна дестабилизација на регионот“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Кремљ изразува голема загриженост за оваа ситуација.
Израелската армија соопшти дека утрово над 50 проектили биле истрелани кон северен Израел од Либан, каде во последните денови се интензивираа прекуграничните борби против проиранското исламистичко движење Хезболах.
Во понеделникот загинаа 492 лица, од кои 35 деца и 58 жени, а 1.645 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.