Кремљ: Ризикот од ширење на војната на Блискиот Исток е исклучително висок

ab385c5c-2619-4dbc-9ac6-d6fd90807df0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ го осуди убиството на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала, во израелски воздушен напад минатата недела, оценувајќи дека постои исклучително висок ризик од поширок конфликт на Блискиот Исток.



„Руската страна ги осудува таквите акции, веруваме дека тие доведоа до значително дестабилизација на ситуацијата во регионот“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Главната работа е што ваквото неселективно бомбардирање на станбени згради во Либан доведува до голем број човечки жртви, што неизбежно ќе доведе до хуманитарна катастрофа како онаа на која сме сведоци во Газа“, додаде тој и ја изрази најдлабоката загриженост на Москва.

Рускиот премиер, Михаил Мишустин, и иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, ќе се сретнат во недела во Техеран, соопшти вчера Кремљ, а пренесе агенцијата „Франс прес“. Иран е најголемиот сојузник и поддржувач на Хезболах.

Силните напади на Израел врз позициите на таа милитантна група ја зголемија меѓународната загриженост за ризикот од поширока ескалација на Блискиот Исток, во која би бил вклучен и Техеран.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го прогласи убиството на Насрала за политичко убиство за време на викендот, а неговото министерство го повика Израел веднаш да ги запре нападите во Либан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK